Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се согласи и ја потврди проценката на рускиот лидер, Владимир Путин, дека најголем дел од житото кое ги напушти Украинските пристаништа по договорот меѓу официјална Москва и Киев, заминало во побогатите земји во светот.
На прес-конференцијата во Загреб, на последниот ден од својата тридневна посета на Балканот, Ердоган апелираше во најбрз можен рок да започне и извозот на руските храна и ѓубривото.
Путин претходно оваа недела изјави дека речиси целото жито, пченицата и другите производи кои ги напуштија пристаништата на Црното Море биле испратени во земјите членки на Европската Унија, наместо сиромашните земји во Африка на кои им се заканува глад. Тој најави и дека Русија ќе предложи разговори со властите во Анкара за промена на договорот со кој се отстрани руската блокада на Украинските пристаништа, во чие постигнување, покрај Обединетите Нации, посредуваше токму Турција.
