Вести Македонија Најважни

Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието

Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава.

Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2  в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ.

„Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околност, судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки – Условна осуда во траење од 2 години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 4 годни не сторат ново кривично дело, а  двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – Условна осуда од 1 година затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 3 години не сторат ново кривично, а воедно им определи и мерка – Засилен надзор“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие пресуди, во делот на казната, осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се знае кој ќе биде кандидатит на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Македонија добива републичка пожарна со пренаменети армиски и полициски возила

Дејан Дејан

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе