Вести Македонија

Жителите на Битола ќе имаат обука за бесплатна правна помош

Во рамки на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” која е дел од програмата ‚„Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022ʻʻ, претпладнево во Битола, пред градскиот пазар, ќе се реализира кампањата за бесплатна правна помош.

Станува збор за дел од серијата активности за подигање на свеста, чијашто цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош во Северна Македонија.

Реализаторите ќе се обидат да допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции односно организации ја даваат.

За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита.

Оваа кампања е најмногу наменета за жените и децата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе