Вести Свет

Албанија секоја година ја напуштаат по 37.000 граѓани

Според податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, потврдуваат дека во изминатите 7 години во просек годишно Албанија ја напуштаат по околу 37.000 граѓани, односно 1,2 отсто од населението или 101 граѓанин секој ден.

Граѓаните се во најактивна возраст од 15-44 години.

– Во Албанија се зголемува загриженоста за падот на работната сила, речиси во сите сектори на економијата, но најпогодени се туризмот, земјоделството и услужните дејности. Барањата за работа се помали од понудите на пазарот. Владата треба да промовира политики во споменатите важни сектори што се погодени од таа криза, оценуваат експерти.

Надлежните пак тврдат дека подготвиле повеќе иницијативи, како онаа за младинска гаранција и за унапредување на вработувањето, со цел, главно, да се спречи заминувањето на младите од државата.

Во првите 6 месеци од годинава во канцелариите за вработување се регистрирани 13.000 барања за работа од 20.000 слободни работни места, а посредувани се 12.000.

За експертите трите последователни кризи, онаа по катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019, пандемијата Ковид-19 и руската агресија во Украина имале свое влијание.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе