Вести Свет

Тропски температури во регионот

Топлотниот бран што ги зафати земјите од регионот ќе трае до 27 јули, прогнозираат метеоролозите, а температурите во некои градови и населени места ќе достигнат до 44 степени Целзиусови.

Во Босна и Херцеговина веќе е портокалова фаза со температури од 32 до 38 степени, а следните денови се очекува да се вклучи и црвен аларм со температури до 42 степени.

Тропски горештини денеска се очекуваат и во Хрватска. Пикот на топлотниот бран се очекува викендов кога температурата локално ќе биде околу 40-тиот степен, со прогнози на метеоролозите дека постои можност да се надминат и јулските рекорди.

Топлотниот бран стигна и до Црна Гора, која според метеоролозите ќе биде една од најтоплите земји во Европа со температура до 44 степени Целзиусови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Либан пријави израелски напади и покрај прекинот на огнот

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе