Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со коронавирус.
Лекарите се спротиставија на тоа, но сепак изгледа карантинот ќе биде укинат и ќе останат само оние основните обврски за носење на маски во затворени простории.
За заразените остануава само мерката да носат маска на места каде што не можат да одржат растојание од два метри.
И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч подготвуваат нова уредба за Ковид-19 што содржи укинување на карантинот.