Во периодот јануари-јуни 2022 година, екипите на ЈП Комунална
хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 76.856 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, односно 425 тони на ден. Направени се 11.940 тури на собирање, или просечно по 66 тури дневно.
Во периодот од 21 март до 28 мај 2022 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје учествувала во акциите за генерално чистење на сите скопски општини во организација на Градот Скопје, во чиишто рамки биле отстранети диви депонии на приближно 150 локации. Во текот на акциите, во скопските општини се поставени и специјални садови каде што граѓаните имале можност да го одложат својот кабаст отпад што беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на претпријатието.
Со цел – одржување на максималното ниво на јавната хигиена и чистота, Претпријатието спроведуваше машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје и Старата скопска чаршија. Во пресрет на најзначајните верски празници беше извршено рачно и машинско миење на дворовите и околината на поголемите верски храмови.
ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа вкупно 76.856 тони комунален отпад
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.