Вести Свет

Украина и Русија најдоа решение за житото

Украина и Русија денеска попладне во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито, соопшти синоќа кабинетот на турскиот претседател. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и претставници на Украина и Русија, ќе учествуваат на церемонијата на потпишување, што ќе се одржи во палатата Долмабахче во Истанбул.

Договорот треба да овозможи извоз на украинско жито од складишта по  блокадата на пристаништата на Црното Море и да го олесни извозот на руски жита и вештачки ѓубрива. Тоа би можело да ја намали глобалната криза во храна поради што се зголемија цените на житото и други житни култури.

Планот предвидува заедничка контрола на бродовите кога заминуваат и пристигнуваат во пристаништата на Црното Море и механизам што ќе ја гарантира безбедноста на рутите, соопштија турските власти. Во Истанбул ќе биде формиран координативен центар за извозот во кој ќе членуваат претставници од ОН, Турција, Русија и Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Либан пријави израелски напади и покрај прекинот на огнот

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе