Вести Свет

Во Русија најголем број на случаеви позитивни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа, Ковид-19 случаите во Русија се зголемија за 6.391 на вкупно 18.511.120, информираше денеска Центарот за борба против коронавирусот.

Стапката на раст е највисока од 1 мај, кога земјата регистрираше 7.047 случаи.

Во изминатите 24 часа, во Русија се хоспитализирани 1.195 лица со Ковид-19, за 7,7 отсто повеќе од претходниот ден.

Бројот на лица што починаа со Ковид-19 во земјата се зголеми за 42, достигнувајќи вкупно 382.039 смртни случаи со коронавирус. Ден претходно, евидентирани беа 37 починати од вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе