Првиот трофеј на атлетскиот мундијал и припадна на Перуанката, Кимберли Гарсија Леон која триумфираше во трката одење на 20 километри. Ова е прв трофеј за Перу во историјата на шампионатите, а Гарсија Леон се искачи на највисокото место на подиумот со време од 1 час 26 минути и 58 секунди што е нов национален рекорд.
Среброто и припадна на Катржина Жџиебло од Полска, која зад победничката заостана 33 секунди и исто така постави нов државен рекорд додека со бронзата се закити Шин Жие Кејанг од Кина.
Нејзината сонародничка која е освојувачка на четири злата на претходните првенства, Лиу Хонг од Кина која овој пат мораше да се задоволи со петтата позиција.