Вести Македонија Најважни

Помалку на број, но со истите пораки – демонстрантите и денес кампуваат пред Собрание

Не толку бројни како вчера и другите денови, но со истите пораки до пратениците, граѓаните дванаесетти пат протестираат против прифаќањето на „францускиот предлог“.

Полицијата и денес е поставена во кордон, зад двојната заштитна ограда пред Собранието.

Додека седницата внатре беше во тек, демонстрантите надвор не останаа неинформирани за текот на истата.

На звучник ги слушаа пратениците и со аплауз и бодрење ги дочекуваа говорите на опозиционерите-противници на предлогот на Унијата.

Содржината на предлог-преговарачката рамка не сакаат да ја коментираат ама сигурни се дека државата губи ако ги прифати тие услови.

Денешниот протест помина мирно, за разлика од вчера кога се случија помали инциденти – на истото ова место и во исто време.

Фасадата на Собранието која веќе е оштетена од нередите на 5 и 6 јули, вчера повторно беше мета главно на јајца, ролни тоалетна хартија, а не изостанаа и неколку камења.

Епилогот на ова е десет приведени лица. Петмина поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон, а потоа уште толку поради обид за кражба со цел демонтирање на заштитната ограда пред Собрание.

Приведено е и уште едно лице од инцидентот кај плоштадот „Скендер бег“, кое се сомничи дека на протестите на шести јули испукал со пиштол.

Со тоа, фатени е и трет учесник во заседата, во близина на старата скопска чаршија на 6 јули.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Не сме службеници од втор ред – полицајците на протест поради ниските плати и, според нив, неправедната судска пракса

Дејан Дејан

Среде пладне кавадарчанец се напил и стигнал до 2,52 промили – полицијата го фатила кога излетал од патот

Дејан Дејан

Украински војници со порака: Нема преговори додека Русија не се повлече

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе