Вести Македонија

Три возила се судриле со диви свињи на автопат во Грција, повредена е македонска државјанка

Македонска државјанка е повредена во тешка сообраќајна несреќа којашто се случила во Грција доцна синоќа, кога се судриле три автомобили и стадо диви свињи на автопатот Солун – Нео Петрициу.

Несреќата се случила половина час пред полноќ, кога патролно полициско возило во кое бил еден полицаец и двајца негови сопатници, се судрило со свињите. Возилото излетало од сообраќајната лента.

Други две возила исто така се судриле со стадото.

Повредената Македонка е на 50 годишна возраст, а во возилото била со својот 56 годишен сопруг. Таа во моментов е на лекување во општата болница во Кукуш.

Во третото возило кое се судрило со свињите, животот го загубиле двајца патници.

Во тек е истрагата за причините за несреќата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе