Вести Свет Топ вести

Бајден: Ќе разговарам со членките на Г7 за можните нови санкции кон Русија

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе разговара со другите лидери на групата Г7 на економски најнапредните земји оваа недела за потенцијалните дополнителни санкции против Русија.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави дека САД се во постојани разговори со своите партнери за дополнителни санкции и дека би можеле да преземат „дополнителни дејствија“ за да извршат притисок врз Москва, пренесе Ројтерс.

На конференцијата на Вол Стрит Журнал, Јелен одби да зборува за какви било конкретни потези што се разгледуваат, но нагласи дека „веројатни се понатамошни дејствија доколку Русија ја продолжи оваа војна против Украина“.

Бајден им рече на новинарите: „Секогаш сме отворени за дополнителни санкции“ на прашањето за плановите на САД откако Европската унија ги предложи своите најстроги санкции досега против Русија, вклучително и постепено ембарго на руската нафта.

„Оваа недела ќе разговарам со членките на Г7 за тоа што ќе правиме или што нема“, додаде Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Нафтата се приближува до 100 долари за барел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе