Вести Ковид19 Македонија

86 нови случаи на ковид, вкупниот број на активни случаи во земјава е 782

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 2.359 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по  4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 21, Штип – 5, Кавадарци –  4, Охрид и Радовиш – по 3, Прилеп, Куманово, Струмица и Берово – по 2, Гостивар, Велес, Виница, Неготино, Делчево и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болничку услови. Кај лицето се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.359 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-7, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–77, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-40, Биотек-55, Систина-43, лабораторија Лаор-40, Синлаб-9, Ремедика-6, Плодност-13, Генеа-33, Никоб Лаб-287, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-11, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–33, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.269.

Досега во земјата се направени вкупно 2.003.269 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе