Вести Македонија

Фабриката за отпад во Мечкуевци треба да се изгради, согласни градоначалниците од североисточниот плански регион

Реализацијата на современата фабрика за отпад во Светниколското село Мечкуевци треба да продолжи и не треба процесот  да биде стопиран. Во рок од 12 години од фондовите на ЕУ потрошени се неколку милиони евра за овој проект. Вакво идентично мислење дале 18 те градоначалници од источниот и севереисточниот плански регион.  Изјаснувањето на двата региони доаѓа откако градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев побара дислокација на регионалната депонија во околината на Мечкуевци.

Ана Мазневска од Министерството за животна средина за Телма потврдува дека е почната постапката за одземање на ингеренциите на Општина Свети Николе за депонијата.

Одземањето на ингеренциите ќе биде во делот на функционирање на регионалното комунално претпријатие за управување со депонијата. Наместо општината, двајца претставници, жители на Свети Николе ќе предложи Министерството, по што процесот ќе може да продолжи и да се чека распишување на тендерот, што би требало да се случи годинава, велат од Министерството за животна средина.

Советот на Свети Николе на крајот на февруари одржа  јавна седница и донесе одлука дека ќе почне постапка за промена на локацијата.  Но засега  Мечкуевци останува локација за фабриката за отпад и депонија. Општините од двата региони  веќе добија камиони и контејнери за отпад. Поради недостаток на урбанистички планови не е започнат и процесот на чистење на депониите и изградба на претоварните станици.  Оваа модерна фабрика за отпад ќе биде прва во државата, Европската унија за неа издвојува 46 милиони евра.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе