Вести Свет Топ вести

Напад со пиротехнички средства врз косовската полиција на границата со Србија

Косовската полиција соопшти дека рано утрово се случиле две нови експлозии во близина на полициско возило во месноста Шарпеј, близу Јариње во северно Косово, на границата со Србија.

Во соопштението на полицијата се наведува дека возилото врз кое биле фрлени пиротехнички средства се наоѓало на статичен пункт поставен за спречување на прекуграничниот шверц во таа област.

Од увидот на местото на настанот е забележано дека на стаклата на возилото останало парче хартија, за кое се претпоставува дека потекнува од пакувањето на пиротехничките средства. Настанот се случил на место во близина на територијата на Србија, така што постои основано сомневање дека средствата се фрлени од српска територија. Полицијата била во извидување на илегален премин кој е затворен од пред извесно време, а кој се користел за шверц на стоки, се вели во соопштението.

Во настанот нема повредени лица, ниту материјална штета. Полицијата спроведува истрага и порача дека „ќе ги продолжи оперативните активности за спречување на прекуграничниот криминал во таа област и за гарантирање на безбедноста на сите граѓани“.

Ова е петти напад врз полицијата на границата со Србија во последните четири дена.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на вонредна прес-конференција вчера информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничен премини во северно Косово, биле нападнати вчера наутро со рачна бомба и со калашников.

Свечља информира дека последните три дена во таа област се случиле четири напади врз косовската полиција, и тоа еден со поставување метални ланци со шилци на националниот пат кој води кон границата, вториот со фрлање камења кон полициско возило, а синоќа и утрово со огнено оружје.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека, според информации добиени од владини извори, нападите се извршени од српска територија и го повика официјален Белград да ги осуди и да се дистанцира од нив.

Канцеларијата на Европската унија и амбасадата на САД во Косово ги осудија нападите врз косовската полиција, и повикаа „да се избегнат шпекулациите кои можат да доведат до натамошно подигање на тензиите“ во државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе