Вести Ковид19

Нови 185 заразени и 124 оздравени од Ковид-19, нема починати лица

Во последните 24 часа од направени 2.216 тестови регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19 меѓу кои 28 се реинфекции и 124 оздравени пациенти, а не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните 114 случаи се од Скопје, од Битола – 29, Кавадарци – 9, Прилеп, Велес, и Штип – по 4, Тетово и Охрид – по 3, Куманово, Гостивар, Неготино, Радовиш и Делчево – по 2, Струмица, Гевгелија, Виница, Кратово и Крушево – по 1.

Од оздравените пациенти од 69 се од Скопје,  по што следи Битола со 16, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Тетово и Куманово – по 3, Делчево, Велес, Гевгелија и Кичево – по 2, Гостивар, Неготино, Струмица, Ресен, Свети Николе и Демир Хисар – по 1

Направени се 2.216 тестови преку: ИЈЗ-256, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-37, Биотек-44, Систина-41, лабораторија Лаор-58, Синлаб-9, Ремедика-16, Плодност-4, Генеа-6, Никоб Лаб-196, ВФВ Медикал-28, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.037

Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе