Премиерот Ковачевски ниту јадел, ниту се движел вон предвидените протоколи за време на својот престој во Грција, на Економски форум во Делфи. Во меѓувреме и шефот на кабинетот на Ковачевски пројавува слични симптоми на труење со храна. Се испитуваат сите околности за овој случај, велат од Владата.
Во однос на прашањето за Форумот во Делфи тој исто како и на сите останати настани каде што присуствуваат високи функционери се превземаат мерки и активности за проверка на безбедноста и исправноста на храната и пијалоците кои ги консумираат лицата. Премиерот ниту јадел ниту се движел надвор од протоколите од овој перид. и сите други ги почитувал протоколите. Во моментов имаме информација за шефот на кабинетот на премиерот со полесни симптоми и е во добра здравствена состојба сега, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.
На прашањето дали случајот е пријавен во МВР без конкретен одговор, бидејќи станува збор за доверливи информиции, вели Арсовски.
Сите околности за овој случај се испитуваат и во наредните денови ќе имаме повеќе детали за ова. Во однос на безбедноста на храната и пијалоците кои ги конзумираат личностите под заштита претходно според Закон се преземаат мерки и активности, иако во одредени ситуации можеби не може однапред да се предвидат таквите ситуации. Не е исклучена можноста да се консумира храна или пијалок која не подложела на соодветна проверка согласно практичните процедури на постапување, рече арсовски.
Премиерот Ковачевски е во добра здравствена состојба и во моментов е на домашно лекување и веќе од утре се враќа на работа. Во неделата вечерта Ковачевски ги почувствувал првите симптоми на труење со храна и бил примен на Инфективната клиника каде веднаш бил хоспитализиран и таму ја поминал ноќта. На Ковачевски му била пружена целосна здравствена нега по што состојбата се подобрила, но превентивно е задржан ноќта на Инфективната клиника. По целосно стабилизирање на состојбата тој е пуштен во добра здравствена состојба.
Нина Стефанова
