Вести Ковид19 Македонија Топ вести

По две години паднаа маските, намален бројот на нови случаи од ковид

По две години, вчера на владина седница беше донесена одлука да се укине задолжителното носење на заштитна маска од КОВИД-19, со исклучок во јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост.

По предлог на Комисијата за заразни болести, вчера беше прифатена и одлуката за укинување на забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата недела во период од 4 до 10 април забележано е дека продолжува да се намалува бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИД-19. Процентот на позитивност се движи од 2,4 до 10,6 проценти, просечно 7,3 отсто.

Во текот на минатиот ден, согласно податоците од ИЈЗ направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 246 пациенти и починато е едно лице од Демир Хисар на 68-годишна возраст во болнички услови.

Од новозаболените, најголем број се од Скопје-83, а активни се 583 случаи во главниот град. Во Берово, Дебар, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пробиштип во моментов нема активни случаи на коронавирусот.

Заклучно со 6-ти месецов се вакцинирани 873 332 лица со барем една доза вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза  155.817 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 307 967, бројот на оздравени пациенти е 297 600, на починати е 9 256, а активни се 1 111 случаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе