Во МВР не е сопрена истрагата за убиството на Тот, полицијата ги откри трагите на насилство веднаш откако истражната служба ја почна истрагата. се прегледаа камерите од сафе сити, има детална снимка на која се гледа целиот настан и за 24 часа е потврдено убиството, снимките се предадени во ЈО, приведени се и повеќе луѓе, на распит, за двајца од нив има и притвор, а за еден кој е во бегство има и меѓународна потерница., вели министерот за внатрешни Спасовски.
- Според разговорите кои ги водевме со докторите , тие ни кажаа дека од прво немало никакви видливи траги на насилство, а по понатамошните нивни претраги е потврдено и дека има и оток на мозкот, и по направената обдукција истото е потврдено.
- Брзата помош го нашла на јавна површина на местото на инцидентот пред дискотеката, од таму бараа да ја дадат таа информација, но по писмен пат и ја дадоа со задоцнување.
- Снимката што е објавена во јавноста е од друг агол, но ние имаме и други снимки, и тој материјал е даден во ЈО, таму се гледа кои се учесниците и што сториле. Оваа снимка која е објавена во јавноста не ја загрозува истрагата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување на Топ Тема.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
