Просветните работници и воспитувачите ќе протестираат се додека не се прифати нивното барање за зголемување за платите. Претседателот на СОНК Јаким Неделков се пожали дека во одредени општини имало притисоци и закани кон вработените со цел да се прекине штарјкот . Најавени се и кривични пријави.
голем е бројот на тие што не штрајкуваат во градинките „Орце Николов“ во Карпош и „Кочо Рацин“ во Центар, во градинките во Валандово, во Гевгелија половина не се во штрајк, како и во некои други општини каде што има помал број штрајкувачи кои морале да бидат на работните места иако се во штрајк. Во најмала рака, треба да договорат со директорите и градоначалниците да се штрајкува онолку колку што биле и смените во училиштата. Инсистирањето да се штрајкува осум часа е непродуктивно и се прават дополнителни трошоци во установата. Дополнително, за колегите кои се во рамазански пости е и нехумано од втората смена да се враќаат дури во 7 или во 8 часот кога е почната вечерата. Сѐ ова оди во правец на реваншизам, вршење притисок и уцени врз оние кои штрајкуваат да прекинат со штрајкот. Но, колегите со тоа сигурно нема да се поколебаат. Напротив, мотивот да истраат и да бидат во штрајк е уште поголем и од таа причина мора да се најде заедничко решение и заеднички јазик со штрајкувачкиот одбор, рече Неделков.
Министерот за образование Јетон Шакири вели дека легитмно е правото на секој да штрајкува и протестира но мора да има социјален дијалог и преговори.
Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи. Мислам дека во текот на неделата ќе имаме состаноци и сакам разбирање затоа што штрајкот требаше да биде последен чекор, рече Шаќири
Од министертсвото уверуваат дека децата ќе бидат згрижени во градинките и во текот на утрешниот ден.
Јулијана Пешевска
