Вести Македонија Топ вести

СОНК се жали на притисоци и уцени, Министерството за образование повикува на дијалог

Просветните работници и воспитувачите ќе протестираат се додека не се прифати нивното барање за зголемување за платите. Претседателот на СОНК Јаким Неделков се пожали дека во одредени општини имало притисоци и закани кон вработените со цел да се прекине штарјкот . Најавени се и кривични пријави.

голем е бројот на тие што не штрајкуваат во градинките „Орце Николов“ во Карпош и „Кочо Рацин“ во Центар, во градинките во Валандово, во Гевгелија половина не се во штрајк, како и во некои други општини каде што има помал број штрајкувачи кои морале да бидат на работните места иако се во штрајк. Во најмала рака, треба да договорат со директорите и градоначалниците да се штрајкува онолку колку што биле и смените во училиштата. Инсистирањето да се штрајкува осум часа е непродуктивно и се прават дополнителни трошоци во установата. Дополнително, за колегите кои се во рамазански пости е и нехумано од втората смена да се враќаат дури во 7 или во 8 часот кога е почната вечерата. Сѐ ова оди во правец на реваншизам, вршење притисок и уцени врз оние кои штрајкуваат да прекинат со штрајкот. Но, колегите со тоа сигурно нема да се поколебаат. Напротив, мотивот да истраат и да бидат во штрајк е уште поголем и од таа причина мора да се најде заедничко решение и заеднички јазик со штрајкувачкиот одбор, рече Неделков.

 

Министерот за образование Јетон Шакири вели дека легитмно е правото на секој да штрајкува и протестира но мора да има социјален дијалог и преговори.

Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи. Мислам дека во текот на неделата ќе имаме состаноци и сакам разбирање затоа што штрајкот требаше да биде последен чекор, рече Шаќири

Од министертсвото уверуваат дека децата ќе бидат згрижени во градинките  и во текот на утрешниот ден.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Kristina Kuzmanovski

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе