Вести Свет

Излезни анкети – Франција ќе бира меѓу Макрон и Ле Пен на вториот круг од претседателските избори

Новиот претседател на Француската република ќе биде познат по вториот круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 24-ти април.

Според првите излезни анкети од денешното гласање, најмногу гласови од Французите освоил актуелниот шеф на државата, Емануел Макрон, за кој се определиле помеѓу 28,1 и 28,6 % од гласачите. Сепак, тоа не е ниту блиску потребни 50 отсто за победа во првиот круг од гласањето, па Макрон за својот втор 5 годишен мандат ќе мора да се бори против кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен, за која денеска се определиле помеѓу 23,3 и 24,4 отсто од гласачите. На трето место е кандидатот на крајната француска левица, Жан Лук Меленшон за кого гласале над 20% од гласачите.

Ниту еден од останатите 9 кандидати, нема освоено повеќе од 7% од гласовите.

Според првичните анализи, резултатот е добар знак за Макрон, кој според последните анкети имаше само 2 до 3 процентни поени повеќе поддршка од Ле Пен.

Доколку победи на вториот круг од изборите, Макрон ќе стане првиот француски претседател, кој бил реизбран на функцијата во последните 20 години.

Во обид да се спречи влезот на наводно реформираната, но сепак крајна десница во Франција, во Елисејската палата, клучна ќе биде определбата на поддржувачите на кандидатите кои не успеаја да влезат во вториот круг.

Зад Макрон веќе застанаа кандидатите на Конзервативната, Социјалистичката, Зелената и Комунистичката партија, сите обединети само со една цел – да ја спречат евентуалната победа на Ле Пен. Овие партии заедно имаат освоено околу 12% од гласовите.

За Макрон но и за Ле Пен, која може да смета на гласовите на Ерик Земур, исто така кандидат на крајната десница, најважно сега е како ќе се определат гласачите на левичарот Жан Лук Меланшон.

Тој ја има поддршката на претежно младите гласачи со своите идеи за социјална правда, поголеми плати и повисоки даноци за богатите французи.

Дел од неговите поддржувачи најавија дека размислуваат за поддршка на Ле Пен во вториот круг, откако таа прифати повеќе барања со кои се дистанцираше од конзервативните економски политики на Макрон, но наследството на расизмот, непријателството кон имиграцијата и национализмот се јасни пречки за добивање на поддршката на Левичарите.

Ние знаеме за кого нема да гласаме, не ги давајте вашите гласови на Мадам Ле Пен, изјави вечерва Меланшон.

Иако тој не апелираше до своите гласачи да го подржат Макрон во вториот круг, ова секако е уште една добра вест за актуелниот Преседател на Франција.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе