Вести Свет

Словачка и донираше на Украина противракетен систем С-300

Словачка и донираше на Украина  моќен систем за противвоздушна одбрана С-300 како мала помош во одбраната од руската агресија, изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер.

Британските медиуми пренесуваат дека Украина секојдневно го повикува Западот да и донира од толку потребното оружје.

Можам да потврдам дека Словачка донираше ракетен систем С-300, врз основа на нивното барање да им помогне во одбраната од агресијата, изјави Хегер, кој денеска се наоѓа во посета на Киев.

Системот С-300 е произведен во поранешниот СССР, а во оперативна употреба е и денеска.

Словачка следната недела од САД ќе добие четири противвоздушни ракетни системи „Патриот“, што ќе ги заменат системите за противракетна одбрана С-300 пренесени во Украина, изјави денеска словачкиот министер за одбрана Јарослав Над.

Четирите системи „Патриот САМ“, од најновата модификација PAC 3, ќе ни обезбедат неспоредливо повисок степен на заштита од застарениот систем С-300 произведен во 1987 година. Зборуваме за недвосмислено зајакнување на одбранбените способности на Словачка, рече Над.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе