Вести Свет Топ вести

Блокирани имотите на ќерките на Путин – се верува дека рускиот претседател кај своите деца го крие богатството

Двете возрасни ќерки на Владимир Путин, Катерина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова се на најновата американска листа на санкции против рускиот претседател. Се блокираат нивните имоти вредни милијарди долари, за кои се верува дека дел од нив контролира нивниот татко.  И Катерина и Марија се извршни директорки на компании кои најчесто ги добиваат тендерите и на кои Кремљ им префрла огромни суми на пари. Санкциите против најблиските членови на семејството на Путин, не е сериозен потег, но сепак е значаен, затоа што според анализите Путин најмногу реагира на ваков вид психолошки притисок.

Тие можеби немаат некој имот кој може да биде запленет, но е важен симболичен потег, кој значи „сега ќе одиме лично кон Путин, сфаќаме колку е голема неговата лична вина во почетокот на оваа крвава војна“, изјави ЛЕОНИД ВОЛКОВ, ПРВ СОРАБОТНИК НА РУСКИОТ ОПОЗИЦИОНЕР НАВАЛНИ

Опозицијата бара следни санкции да се воведат и за љубовницата на Путин, олимпијката Алина Кабаева, со која има две деца, а е во Управувачкиот Одбор на најголемата медиумска групација во Русија, преку која се шири актуелната пропаганда.

Освен двете ќерки на Путин, на листата нови санкции се и сопругата и посвоената ќерка на првиот руски дипломат Лавров. Но, она што е уште поважно е што Америка им воведе финансиски санкции на најголемата приватна банка Алфа банк и нејзината финансиска институција Сбербанк, која поседува една третина од вкупните средства на русккиот банкарски сектор.

Ваквите разорни санкции се воведуваат заради масакрот во украинското гратче Буча, кој не ја остави рамнодушна меѓународната заедница. Но, за Русија, сликите со расфрлени тела низ градот, се дизајнирани за да ги оправдаат дополнителните санкции за Москва и да ги нарушат мировните преговори.

Очигледно е дека ова страшно криминално лажно сценарио е измислено со цел да се оправда уште еден однапред договорен пакет санкции, вклучително и големо протерување на руски дипломати од голем број западни земји. И секако, со цел да се попречи, доколку не ги прекине целосно преговорите, во кои Киев почна да покажува знаци на реален пристап, изјави МАРИЈА ЗАХАРОВА, ПОРТПАРОЛ НА МНР РУСИЈА

ЕУ земјите се уште не можат да се усогласат за новиот пакет санкции против режимот во Москва, а кои меѓу другото вклучуваат и забрана за увоз на рускиот јаглен. Германија, како најголем увозник на руски јаглен, е најзагрижена за тоа дали забраната би влијаела на постоечките договори или само на идните. Неофицијално, пакетот санкции не е одобрен, јавуваат западните медиуми.

Но, на терен војната е во критична фаза, а сликите од Буча го покажаа висотинското лице на Путин, изјави првиот човек на НАТО.

Целта на претседателот Путин е да се обиде да го контролира целиот Донбас и да воспостави копнен мост меѓу Донбас и Русија. Не видовме индикации дека претседателот Путин ја променил својата амбиција да ја контролира цела Украина, а исто така да го промени меѓународниот поредок. Затоа треба да бидеме подготвени за долги патеки, изјави ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ, ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО

Се очекува санкциите да помогнат рускиот претседател да го смени курсот на војната. Во тој случај, воведените економски забрани полека ќе можат да се острануваат, за на крај да бидат целосно укинати.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе