Вести Свет

ВИДЕО: Се шири наводна снимка од нападот на магацин во Русија, на видеото се гледа хеликоптер

Утрово дошло до пожар во магацинот за гориво во рускиот град Белгород, кој се наоѓа на границата со Украина. Русите велат дека магацинот бил нападнат од два украински хеликоптери.

На социјалните мрежи се рашири наводна снимка од нападот на која се гледа како ракети удираат во складиште за гориво и хеликоптер. Автентичноста на снимката се уште не е потврдена.

Видеото беше споделено на Твитер од Роб Ли, докторант на Катедрата за воени студии на лондонскиот Кралски колеџ, кој е специјализиран за руска одбранбена политика.

Ли напиша дека тоа се два борбени хеликоптери Ми-24 од советско производство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе