Вести Свет

Британското разузнавање објави нов извештај, пишува за украинските контранапади

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина. Во извештајот се вели дека украинските сили ги ослободиле селата Слобода и Лукашивка, јужно од градот Чернихив, и ја продолжуваат кампањата на „успешни, но ограничени контранапади“ источно и северно од главниот град Киев.

Русија не ги прекина воздушните напади врз Киев и Чернихив и покрај ветувањата дека „драстично ќе го намали интензитетот на воената активност“ во регионот, според британското воено разузнавање.

Претходно оваа недела, по мировните преговори со Украина во Истанбул, Русија рече дека ќе го намали интензитетот на своите воени активности околу Киев и Чернихив. Но, украинските власти велат дека бомбардирањата и гранатирањето продолжиле во тие региони.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе