Вести Свет

Британско разузнавање: Тешки борби ќе се водат во Киев во наредните денови

Британското Министерство за одбрана штотуку го објави својот најнов разузнавачки извештај во кој тие сугерираат дека најверојатно ќе има тешки борби во наредните денови во Киев.

„И покрај руските изјави кои укажуваат на намерно намалување на воената активност околу Чернихив, значителните руски гранатирања и ракетни напади продолжија. Руските сили продолжуваат да ги држат позициите источно и западно од Киев и покрај повлекувањето на ограничен број единици. Тешки борби најверојатно ќе се водат во предградијата на Киев во наредните денови. Тешките борби продолжуваат во Мариупол, што е клучна цел на руските сили, но украинските сили сè уште го контролираат центарот на градот“, соопшти британското министерство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе