Генералот Ерик Видо, директор на француската воена разузнавачка служба, ќе биде сменет од функцијата бидејќи ја отфрлил можноста за руска инвазија на Украина, објави француски Ла Опинион.
Тие се повикуваат на извор во Министерството за вооружени сили и велат дека Видо е отпуштен поради слаба информираност и лошо менаџирање на темата.
Началникот на француската одбрана Тиери Буркхард во интервју за „Монд“ потврди дека француската разузнавачка служба, во која е и Видо, направила погрешна анализа на руската закана во Украина, споредувајќи ја со САД, кои, според него, направиле подобро.
Според француските медиуми, Видо минатата година бил назначен за шеф на разузнавањето, откако претходно ги водел специјалните операции. Генералот Жак де Монгро би можел да го замени како прв човек на разузнавањето, заклучува Ла Опинион.