Вести Свет Топ вести

САД издадоа ново предупредување за патување во Русија: Вратете се веднаш

Соединетите Американски Држави издадоа ново предупредување за патување во Русија, предупредувајќи дека руските власти би можеле да ги изолираат и приведат Американците во земјата.

Наведувајќи ја можноста за вознемирување на американските граѓани, предупредувањето ги повторува повиците Американците да не патуваат во Русија или веднаш да ја напуштат.

Тие, исто така, ги предупредуваат своите граѓани за самоволно спроведување на локалниот закон.

Во известувањето се наведува дека постојано има извештаи дека руската армија ги раздвојува и приведува американските граѓани кога се во Украина или кога се евакуирани по копно преку териториите окупирани од Русија.

„Ако сакате да ја напуштите Русија, треба да се организирате и да ја напуштите што е можно поскоро“, стои во соопштението.

Соединетите Американски Држави ја затворија својата амбасада и конзулат во Украина неколку дена откако Путин ја објави инвазијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе