Вести Економија Македонија Топ вести Топ тема

Лукаревска во Топ Тема: Повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП во инспекции во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности

Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност, информираше во вечерашнава Топ Тема, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

„Согласно она што го утврдивме од теренските контроли во изминатите два дена, сметаме дека во интерес на граѓаните и во интерес на она што значи зачувување на стандардот, имаме обврска, професионална и морална, да постапуваме“ – изјави Лукаревска.

Во досегашната работа на УЈП, утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката Г во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека тоа што значи основен производ и е во делот на одлуката на владата, не се почитува до крај.

„За такви големи даночни обврзници неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добивме и соодветни други сознанија, во делот на работењето, така да сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обрвзник. Добивме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните. “ – потенцираше Лукаревска.

Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава, потенцираше Лукаревска.

Таа кажа дека акцијата ја спроведуваат инспектори и контролори и други овластени лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Топ Тема – Претседателска дебата Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски 01.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе