Вести Свет Топ вести

Преку видеоврска продолжуваат преговорите со Украина, тврди руското Министерство за надворешни работи

Мировните преговори со Украина продолжуваат преку видеоврска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Преговорите продолжија еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „сериозно се разговара за неутрален статус на Украина“.

Тој додаде: Постојат апсолутно конкретни формулации кои според мене се блиску до договор.

Кремљ, пак, соопшти дека идејата за создавање демилитаризирана Украина  по моделот на Австрија може да се гледа како компромис за крај на војната.

Австрија има своја војска, но е обврзана на неутралност со Австрискиот државен договор од 1955 година и нејзиниот устав, кој забранува влез во воени сојузи и поставување странски воени бази на австриска територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам

Дејан Дејан

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Дејан Дејан

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе