Вести Свет

Нови информации од британските служби: „Русите се насекаде запрени“

Британското Министерство за одбрана во неодамнешното соопштение соопшти дека руската офанзива во Украина е запрена на сите фронтови, пренесува Би-би-си.

Во соопштението се додава дека руските сили „постигнале минимален напредок на копно, море или воздух во последните денови и продолжуваат да трпат големи загуби“.

„Отпорот на Украина останува упорен и добро координиран. Огромното мнозинство на украинска територија, вклучително и сите поголеми градови, останува во украински раце“, се додава во соопштението.

Украинската војска вели дека напорите на Русија сега се префрлени на воздушни напади, бомбардирање и гранатирање цивили бидејќи тие не успеале во нивните копнени операции.

Москва еднаш го објави бројот на своите жртви. Тоа беше минатата недела и тогаш зборуваа за околу 500 загинати војници во нивните редови.

Украина, пак, тврди дека досега убила речиси 13.000 руски војници.

САД објавија проценка минатата недела, која беше околу 7.000 на руска страна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Едночасовен дожд остави хаос во Битола

Kristina Kuzmanovski

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе