Жителите на центарот на Виена синоќа ги разбуди непрестајното ѕвонење на катедралата Св. Стефан, што се должи на хакерски напад врз компјутерски систем кој управува со ѕвоната.
Сајбер напаѓачот ја искористил интернет-врската меѓу готската катедрала и компанијата која управува со ѕвоната за да ги „киднапира“ ѕвоната на двете кули на знаменитостите во Виена, изјави пасторот Тони Фабер.
Ѕвонењето траело околу 20 минути додека Фабер не успеал да интервенира со својот компјутер за да им го врати ноќниот мир на сограѓаните.
„Им се извинуваме на сите што се разбудиле“, изјави портпаролот на Виенската надбискупија.
Засега ништо не се знае за позадината на хакерскиот напад.
