Вести Свет

Новите сателитски снимки го откриваат степенот на штетата во Украина

Нови сателитски снимки го откриваат степенот на штетата предизвикана од гранатирањето во Суми, Чернихив и Харков.

Фотографиите ги објави американската компанија за вселенска технологија Максар, а на нив се гледаат запалени куќи во станбениот кварт Чернихив, како и кратери од ракетни напади. Видливи се и оштетувања на Олимпискиот спортски центар во Чернихив.

На снимката се гледа и штетата која настанала во Харков, како и кратерите во близина на станбената зона.

Украинските сили ја нападнаа и базата во Херсон, која беше освоена од Русите. Последиците се очигледни на фотографијата направена од сателитот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Едночасовен дожд остави хаос во Битола

Kristina Kuzmanovski

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе