Останато Спорт

Кинескиот претседател на отворањето на ЗОИ

За точно шест дена свечено ќе бидат отворени Зимските олимписки игри. И покрај најавите за дипломатски бојкот сепак во кинеската престолнина се најавени голем број на високи гости од целиот свет.

Организаторите на Игрите во Пекинг потврдија дека на церемонијата на свеченото отворање ќе присуствува кинескиот претседател Си Џин Пинг, а се очекува да пристигне и првиот човек на Русија, Владимир Путин. Меѓу специјалните гости ќе бидат претседателот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутиереш.

Деновиве се очекува и потврда за пристигнувањето на уште неколку претседатели и премиери на државите кои ќе партиципираат на најголемото спортско натпреваурвање. Свеченото отворање на Игрите ќе се одржи на 4 следниот месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе