Ковид19 Македонија Топ вести

Корона- кривична пријава за охридскиот градоначалник Пецаков поради Водици

МВР соопшти дека на градоначалникот на Охрид Пецаков и на шефот на неговиот кабинет им поднесе кривична пријава за непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година“ одржана во Охрид, известија од МВР.

Охридкиот градоначалник Пецаков рече дека тој се тестирал заради патување во странство, а немал симптоми. Два дена по првиот тест, Пецаков повторно се тестирал и бил негативен на корона вирус. Неговиот шеф на кабинет кој бил во иста ситуација со позитивен, па негативен тест, оцени дека можеби ваквиот развој на настаните е местенка за новата локална власт во Охрид.

Поради целиот случај, Пецаков и неговата матична партија најавија кривични пријави и постапки против ДСЗИ и директорката Ирена Бухова затоа што сметаат дека се прекршени правилата за заштита на медицинските податоци. Бухова пак рече дека и законски и со уредба е утврдена задолжителна изолација на граѓаните кои се тестирале и таа самоизолација трае до добивање на тестот.

Пецаков беше на прославата на Водици и не носеше маска на ниту една локација. На Водици во Охрид беше и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, кој сега е исто позитивен.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека и Зечевиќ ширел корона на Водици во Охрид и се среќавал со луѓе на церемонијата иако чекал резултати. Бухова пак тврди дека Зечевиќ не е тестиран и го нема во системот за датум 19.01.2022.  Опозицијата повторно ја нападна и оцени дека ги брани луѓето на владеачката СДСМ, која пак побара реакција од лидерот Христијан Мицкоски за градоначалникот Пецаков со кого заедно беа на литургија во Охрид на Водици, и двајцата без маски.

Пецаков ќе ја тужи Бухова и ДСЗИ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе