Кај Музејот на вода во Охрид нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ во градот по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој го најавија доаѓањето на Стара нова година.
Како што се гледа на видето „на богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино“.
Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица како и претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.