Вести Македонија

На Ковачевски му остануваат уште три дена за „кроење“ на владиниот кабинет

Консултациите со коалициските партнери завршија. Предлозите за новите министри им се соопштија но имиња во јавноста нема да се откријат се додека предлог составот за новиот владин кабинет не ги помине филтрите на највисоките партиски тела на СДСМ, Извршниот и Централниот одбор. Мандатарот Ковачевски најавува изненадувања, проверени кадри со успешни резултати во своето работење. Познавачите на состојбите сметаат дека лидерот на СДСМ ќе се обиде да им ги удоволи барањата на коалициските партнери и оваа власт да го истера мандатот до 2024 година.

Новата Влада ќе добие и нов партнер, Алтернатива, со три министерски места.Стоматологот Беким Сали ќе го наследи Филипче во здравство, Адмирим Алити ќе биде нов министер за информатичко општество и администрација, а Џемаил Чупи ќе биде без ресор задолжен за дијаспората. Во ДУИ нема да  има промени, сите ги задржуваат досегашните функции, освен што го отстапуваат информатичко општество а го добиваат секторот земјоделство. Нови лица  ќе има од СДСМ. Во тајност се држат наследниците на Шекеринска, Царовска, Николовски, Спасосвки, Шахпаска, Стефоска. Од функцијата си заминува и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, а во јавноста се говори дека на негово место ќе дојде актуелниот министер за правда Бојан Маричиќ. Предлог програмата и списокот за новиот владин кабинет ќе бидат доставени во Собранието најдоцна до вторник, по што спикерот Талат Џафери ќе закаже седница на која треба да се избере Владата.

Јулијана Пешевска

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе