Вести Македонија

Жичницата до врвот на Водно повторно во функција

Од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно. Како што информираат од Град Скопје, согласно со протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50 отсто од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска.

Посочуваат дека во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп.

Воедно, информираат дека во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б).

За градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, жичницата е неопходност за скопјани и потенцира дека изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект.

– Долго време жичницата не функционираше, но веќе од денеска сите граѓани повторно можат да ја користат. Воедно пуштени се и трите автобуски линии до Средно Водно, истакна Арсовска.

– Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат, изјави директорот на ЈСП, Иван Илиевски на денешната проверка што ја изврши заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе