Вести Македонија

Половина од реконструираните тоалети во штипското училиште “Тошо Арсов” се вон употреба -надзорот потпишал дека се е како што треба

Половина од  тоалетите во штипската девотелетка „Тошо Арсов“ се држат под клуч.

Ова се случува  откако по реконструкцијата се појавило протекување, а градежната фирма која го добила тендерот за извршените зафати си ги добила 600.000 денари, по потписот на надзорот дека се е санирано, како што треба. Во услови на пандемија речиси 400 ученици само од едната смена  ги користат тоалетите на едната страна на училиштето.

Директорката на училиштето  за Телма вели дека сега надзорот треба да најде решение.

Но, надлежните од градежната фирма, кои за проектот добиле 600.000 денари не креваат слушалка на надзорот.

Се бара нова фирма, која ќе го поправи дефектот.

На сметката на училиштето има 40.000 денари, но новите пресметки треба да покажат дали овие пари ќе ги покријат поправките.

Штипскиот градоначалник за случајот дознал од родителите и директорката.

Маџарова вели дека изминатите години имале низа на градежни активности во училиштето, а вакво нешто за првпат им се случува.

Локалните власти веќе подолго време аламираат  дека најниската цена  на тендерите не носи секогаш и квалитетна реализација.

Поправките на грешките на изведувачите и надзорите на крајот одат на сметка на општините и се трошат по вторпат пари на граѓаните.

Ова е втор гаф за неполн месец низ училиштата на истокот.

Пред десеттина дена во кочанското училиште Ѓошо Викинтиев градежна компанија добила налог од претходното раководството среде зима да го открие и санира кровот.

По обилните врнежи од дожд и снег вториот кат беше целосно поплавен.

Таму учениците сега учат на првиот кат, а проценителите и општинскиот ревизор ги утврдуваат штетите, но и одговорноста.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе