Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, и дека се потребни нови луѓе со нови визии. Ова Спасовски го изјави во дебатна емисија на една телевизија, додавајќи дека Ковачевски треба да направи избор од нови луѓе кои ќе му бидат блиски соработници.
Новиот тим кој ќе раководи со СДСМ, според него, сепак треба да бидат луѓе кои се граделе и растеле со партијата.
Пред Спасовски, тројца министри од СДСМ се изјаснија дека одлучиле да не се дел од извршната власт. Повеќето досегашни министри преговараат за нов мандат, а некои тврдат дека се` уште не одлучиле.
За министрите од ДУИ се шпекулира дека нема да има промени, но министерот за животна средина вели дека и таму допрва ќе има дебата.
Новата влада треба да се формира до средина на јануари, според координаторото на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. Тој вели дека новата влада ќе остане до крајот на мандатот во 2024 и дека нема да има предвремени избори.