Вести Македонија Топ вести

Семејство од Кисела Вода остана без покрив над главата – во пожар до темел им изгоре куќата

Во пожар синоќа до темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во општина Кисела Вода. Обезбедено е привремено сместување за сопственикот Тони Атанасовски, а од општината најавуваат помош за повторна изградба на куќата.

На местото на настанот, како што информираа од општина Кисела Вода, бил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отецот Оливер од хуманитарната организација “Св. Спас”.

– Ова е траорна ситуација, тажна и многу потресна. Во наредниот период, сите хумани сили ќе ги насочиме кон помош на мојот сограѓанин Тони Атанасовски. Повторно ќе го изградиме неговиот дом. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за овој наш сограѓанин да не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен, изјавил Ѓорѓиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе