Жител на Побожје загина во пожар во својот дом доцна синоќа за време на одбележување на домашната слава Свети Никола.
Пожарот избувнал ноќеска околу полноќ, а 35-годишниот маж се обидел да го изгасне огнот кој се ширел во помошните простории на куќата во село Побожје.
Жртвата најверојатно настрадала од вдишување на чад. Телото на загинатиот е предадено на обдукција.
Две противпожарни возила стигнале во Побожје и го изгаснале пожарот. Но било предоцна за настраданиот. Случајот го пријавил неговиот татко кој е сопственик на куќата од која дел е опожарен.
Пред десетина дена, повозрасна неподвижна жена загина во пожар во сопствениот стан во нова зграда во скопски Аеродром.
За денешниот пожар, МВР соопшти:
-На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64). Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.