Решението на проблемот со недостиг на педијатри во Охридската болница ќе ги чека измените во Законот за здравствена заштита кој е заглавен во Собранието. Детското оддление во Охрид има двајца лекари педијатри, и речеси два месеца работи само со амбулантски прегледи, без можност за хоспитализација на малите пацинети. Доколку има таква потреба се препраќаат во болницата во Струга. Но, директорот на Охридската болница Горан Балевски, вели дека нема голем притисок за хоспитлаизации во овој период од година. Тој очекува ваквата ситуација да се надмине со измените на Законот, кога лекари од Клиниката во Скопје ќе им се приклулчат на двајцата педијатри во Охрид.
- Тие работат во две смени, од 8 до 14 часот едниот лекар, а другиот од 14 до 22 часот. Пациентите примаат терапаија, инфузии, има дежурна сестра. После 22 часот на вечер одат во Струга. Навечер ние во Охрид имаме во зимскиот период 1 до 2 деца. До на лето кога ќе имаме поголема фрекцвенција, ќе прататлекари од Клиниката во Скопје. Имавме само една нова специјализација, а на втората не се јави никој, вели Горан Балевски, директор на Општа болница-Охрид.
Од струшката болница потврдуваат дека има поголем притисок во Детското одделние кај нив, но велат дека засега добро се менаџира ваквата сосотјба.
- Има нешто поголема фреквенција, затоа што во болницата во Струга доаѓаат и пациенти од Охрид. Но, имаме капацитет тоа да биде издржливо и да се извршат услугите кои се потребни и кои се бараат од страна на пациентите, вели Арменд Арслани, директор на Општа болница-Струга. ТЕЛОП
Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека недостатокот ќе се решава токму со измените во Законот за здравсвтена заштита кој е блокиран од опозицијата во Парламентот, а распоредот на лекарите ќе биде направен веднаш штом се изгласа ова законско решение.
- Затоа интевренираме тука во Охрид , со тоа што двајца педијатри од Скопската клиника за педијатрија ќе бидат пратени и континуирано присутни, а тој систем на ротација ќе го задржиме додека не најдеме друго трајно решенија. Едно од можните решенија е во измените во Законот за здравствена заштита со што се овозможуваме било кој лекар од било која јавна или приватна здравствена установа може да се дежура со цел да се овозможи потребната служба, речи министерот Венко Филипче
Со овие измени, не само педијатрите, туку ќе можат да ротираат сите лекари специјалисти кои се дефицитарни низ болницте во државата, со што се очекува да се ублажи проблемот со недостиг на специјалистички кадар, поради што многу пациенти, посебно од вантрешноста во државата се приндудени да бараат здравствени услуги надвор од нивното место на живеење.
Емилија Мисирлиевска
