Вести Економија

Никој не побарал одложување на извршувањата – извршителите утре почнуваат со работа

Сметките на граѓаните и компаниите од утре пак ќе бидат„ достапни“ за извршување. Извршителите утре почнуваат со работа. Ќе се ивршува од сите граѓани и фирми кои биле блокирани пред 1 април. Но ќе почнат и новите блокади, за речиси 33.000 предмети кои до сега стигнале за извршување. Од Министерството за правда велат дека немаат можност да ја продолжат Уредбата со која речиси 4 месеци се „замрзна“ извршувањето, бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба. А иако имаа законска можност да побараат стопирање, ниту банките ниту компаниите кои нудат режиски услуги за граѓаните, до сега не го направиле тоа.

„До овој момент такви разговори нема. Сопгласно Уредбата донесена од Владата, по истекот на 30 дена од престанувањето на вонредната состојба продолжува да се  применува Законот за извршување за сите отпочнати извршувања, вклучувајќи ги и предметите започнати до 31.03.2020 година.“- велат од Македонската банкарска асоцијација..

Одложување на извршувањата не планираат ниту од скопски Водовод. Велат дека немаат законска можност за тоа, а со одложување само ќе се зголемеле трошоците, кои пак ќе паднат на товар на должникот. Имаат акција за плаќање на долговите на рати без камата до крајот на месецов, а од септември ќе побараат извршувања и за тие граѓани на кои во меѓувреме им се натрупале сметките.

Од БЕГ велат – ќе работеле по закон, и нема да побараат одложување на извршувањата. Од Евн пак не одговорија.

Но од Комората на извршители се децидни  дека никој од нив не побарал одложување на извршувањата.  А тоа можеле да го направат сите доверители, со барања за секој предмет посебно. Па така од утре ќе се извршува од сите блокирани сметки на граѓаните и фирмите пред 1 април, а ќе се блокираат и нови. Ќе бидат активни и задршките на третина или четвртина од плата или пензија, ставени со забраните кај работодавците и Фондот за ПИОМ. А ќе продолжат и продажбите на запленетите недвижности.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе