Македонија

Касами е против ново парламентарно мнозинство

Претседателот на БЕСА и кандидат за Тетово, Билал Касами е против ново владејачко мнозинство. Иако е убеден дека резултатот од локалните избори ќе има влијание на партиите, смета дека тоа треба да остане во локални рамки.

БЕСА, која е дел од владата, склучи договор со опозициската Алијанса, да се поддржат во општините каде противници им се кандидати на ДУИ. Генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа, ги повика своите активисти да ги поддржат кандидатите на Алијанса, а Арбен Таравари го повика  електоратот да им даде глас на Билал Касами во Тетово и на Блерим Сејдиу во Желино. Но, и од двете партии тврдат дека оваа соработка е ограничена само на локалните избори и не важи и за Собранието.

Од Алтернатива, пак, кои им се лути противници на БЕСА, а се во коалиција со Алијанса, сметаат дека не треба да се даде поддршка на ниту една партија која е во власта.Пратеникот од оваа партија, Зекирија Ибрахими, во телевизиска емисија рече дека, ако од БЕСА сакаат да добијат поддршка од нив, треба да излезат од владата. Ибраими најави и дека, по вториот круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство. На прашањето како ќе се формира тоа, одговори дека тоа зависи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но дека има поддршка од нив. Ибраими тврди и дека,  ако во Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се договори со Алтернатива, директор на ЈП „Комунална хигиена“ да биде нивни член. Ова за министерот за економија од ДУИ е несериозна изјава.

На синоќешниот партиски состанок е договорено дека Алтернатива останува на своите позиции и ги подржува кандидатите кои ги подржуваа во првиот изборен круг. Во тие општини каде како партија, или коалиција, немаат кандидат, а каде се натпреваруваат партии од власта, нема да сугерираат за кого да се гласа. Пред два дена, лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју рече дека Алтернатива со четири пратеници ќе биде дел од владата и дека тоа е завршена работа. Но, алтернативците ги отфрлија тие изјави, велејќи дека Тачи „не е релевантен, како што не се релевантни ниту неговите изјави“.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе