Вести Локални избори 2021 Македонија

Информациите на полковник Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ за изборни полициски закани се проверуваат, тврди обвинителството

Откако два дена по ред ВМРО-ДПМНЕ обвинува поголема група на полицајци, кои според нив работат по налог на Заев и Спасовски, за серизони изборни заплашувања, закани и малтретирања, од обвинителството одговараат дека се преземаат мерки за проверка на наведеното.

-Информациите во врска со дадените наводи за кои прашувате се доставени до надлежното основно јавно обвинителство со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела  да се постапи согласно законските надлежности. Воедно, ја потсетуваме јавноста дека во функција е електронската адреса [email protected]  на која можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, ни одговорија од обвинителството.

Од државното обвинителство не прецизираат дали насоките се издадени на прилепското обвинителство, на чија територија според ВМРО-ДПМНЕ се случувале заканите и злосторничкото здружување на полицајците, или пак на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое има посебен оддел за да истражува кривични дела на полицајци.

Нема ниту информации дали има наредби за вештачења и за проверка на мобилни телефони или на други апарати со апликација вибер, бидејќи обвинувањата на Ковачки содржат фотографии од комуникација на вибер во група.

Од прес службата на обвинителството во одговорот стои и дека: Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави , како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува 40-тина полицајци, началници и функционери дека во Прилеп се организирале за да заплашуваат и малтретираат политички противници на денот на изборите, да им земаат автомобили и да ги носат на технички прегледи. Беа објавени и пораки за сериозни закани „убиј го“.

Од МВР негираат дека во министерството била формирана било каква група за попречување на изборите и дека тоа се случувало во времето пред 4 години кога владееше ВМРО-ДПМНЕ.

Демантот на МВР се состои од тврдењето дека на денот на изборите никој во Прилеп не бил носен на технички преглед и дека графички прикази на вибер комуникација може многу лесно да се направат.

Случајот го истражува и внатрешната контрола на МВР.

Миомир Серафиновиќ

Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за прилепско полициско злосторничко здружение за изборни закани и малтретирања

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе