300.804 луге во земјава до сега се целосно имунизирани со кинеската вакцина Синофарм. Според бројот на аплицирани вакцини, оваа е трета по ред на аплицирани дози од петте достапни видови. Пред неа се оние со Фајзер 610.837 и Синовак 485.012, а заостануваат оние со АстраЗенека 130.142 и Спутник в 45.613.
Но министерството вчера објави за прв пат и неделна статистика на починати луѓе кои се вакцинирани и со каков тип на вакцина. А според податоците за само една недела починале 26-мина целосно вакцинирани а дури две третини или 17-мина се со кинеската Синофарм, со Синовак биле 4, АстраЗенека биле 4 вакцинирани а починале, Фајзер биле 2 а со Спутник В нема.
Но ова е само за периодот од 8 до 14 октомври што не требало да биде јасен показател бидејќи периодот е прекус за да се извлечат било какви заклучоци а и Министерството не даде ниту споредбена анализа за тоа колку луѓе, со кој тип на вакцина се заразиле и колку од нив умреле за да може да се добие реална слика за ова.
Телма ги бараше овие податоци уште пред три недели за да направи сопствена анализа, но никако да ги добие. Од Министерството за здравство велат дека и покрај тоа што се одлучија да ги објавуваат деталите за вакцинираните смртни случаи, сепак сите вакцини се ефикасни и не предизвикале паника кај населението.
Вчера објавивме неделна информација за хронични заболувања, тип на вакцина која ја примиле и возраст на починати пациенти со ковид, а се на барање на медиумите и во согласност со транспарентноста. Сите вакцини се безбедни и ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход. Информациите објавени вчера се податоци за период од една недела и оттука не може да се извлече заклучок. Аналзите покажуваат дека најголем е бројот на невакцинирани граѓани, кои имаат тешка форма на болеста. Најголем е бројот на невакцинирани пациенти со ковид кои починале, тврдат од здравство.
Но деталите за починатите пациенти и од кој тип на вакцина се имунизирани дојдоа во ист ден кога Комисијата за имунизација изготви и препорака токму оние кои се вакцинирани со кинески вакцини да можат да примат трета доза на Фајзер, не по 6 туку по три месеци.
Вакцините на Синофарм и Синовак се ефикасни. СЗО пред 4 дена даде препорака бустер доза за овие вакцини да е после третиот месец од ревакцинацијата, бидејќи се забележува дека заштитата од делта сојот опаѓа побрзо кај овие вакцини, велат од министерството за здравство.
Инаку според она што вчера го објави Министерството за здравство само еден починат немал хронични болести а бил на 80 години, и бил вакциниран. Меѓу вакцинираните починати најголем дел се со кардиолошки болести, па следува дијабетот и третти по ред се белодробните заболувања.
Најмладиот е 48 годишен кој бил вакциниран, но ги имал сите овие коморбидитети. Според бројот на аплицирани вакцини 35% од луѓето во Македонија примила две дози вакцина.
Билјана Николовска