Вести Македонија

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Националниот парк „Пелистер“ објави дека денеска снег паднал на Пелистер. Снегот е резултат на најавеното заладување што ја зафати Македонија.

 

Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека Битола попладнево е погодена од силно невреме. Според нивните официјални податоци, во овој регион се бележи интензивен и пороен дожд. Службите ја следат состојбата на терен.

А од Националниот парк „Пелистер“ пак пишуваат дека Пелистер е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери.
Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме. Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина, пишуваат од националниот парк на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ со нова истрага за TikTok ги кршеле правилата за заштита на децата на интернет

Kristina Kuzmanovski

Уставните измени со одложено дејство се враќаат на маса

Kristina Kuzmanovski

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе